Ако сакате да хостирате успешен WordPress сајт, секојдневно треба да ја одржувата неговата главна функционалност, инсталираните плагини/теми, и други аспекти.Без сомневање, WordPress е супер платформа, но нејзиното одржување е клуч што ќе ви овозможи подолго време да фунционирате на глобалниот пазар.

Сепак, одржувањето на еден WordPress сајт е многу досадна задача, но ви помага да дознаете колку сте ефикасни, ве апдејтува со најновите технологии и што е најважно, останува сигурна и без опасности. Затоа бидете сигурни дека ја следите вистинската/правата тактика за одржување што во голема мера ја зголемува сигурноста, перформансите и функционалноста на вашиот сајт.

Во овој пост, ќе се задржиме на седумте препораки како се одржува WordPress што ќе ви помогнат да го средите/одржувате вашиот WordPress сајт без никаква техничка помош.

Ајде да погледнеме

Редовно правете бекап на вашиот сајт

 

Ова е најбитната постапка што мора редовно да ја применувате. Иако со бекап не се одржува вашиот сајт чист и освежен, помага ако нешто тргне на лошо бидејќи можете веднаш да ја користите претходната зачувана верзија на сајтот.

Ви препорачувам да правите бекап на вашиот WordPress сајт на месечно ниво. Истотака, можете секојдневно да правите бекап на вашите блогови, додека еднаш неделно е пожелно да правите бекап на корпоративните сајтови. Може да му направите бекап на вашиот сајт преку хостирачкиот провајдер или со симнување на локалната копија на сајтот преку FTP.
WordPress нуди некои одушевувачки плагини кои автоматски ќе направат бкап на целиот ваш сајт. VaultPress е добар WordPress плагин кој нуди бекап и обновување на најбитните функции за миг.

Нека вашиот сајт биде постојано апдејтуван

 

Ако сакате добро да го одржувате својот сајт, треба што почесто да го ажурирате главниот дел на вашиот WordPress, инсталираните теми и плагини, со најновата верзија. За среќа, WordPress ја пушти најновата верзија version 5.3 и така постапува често за да им овозможи на корисниците понапредни карактеристики и сигурносни исправки.

Сѐ што треба да сторите е да се логирате на вашиот WordPress сајт еднаш месечно и да ги ажурирате главните содржини на WP, темите и плагините.

Избришете ги плагините кои не ги користите

 

WordPress плагините се супер начин да се зголеми функционалноста на сајтот. Но користењето на многу плагини може да се одрази лошо врз перформансите како и врз сигурноста на еден сајт.

Ако сакате успешен сајт, треба да ги исфрлите сите оние плагини кои до сега не сте ги користеле. Накратко, ослободете се од плагините што не ви се потребни.

За да го сторите тоа, најпрвин треба да го деактивирате плагинот, а потоа да го избрижете. Но претходно, проверете под плагин што е инсталирано за да видите што не се користи.

Оптимизирајте ја вашата датабаза

 

Датабаза е место каде се наоѓа целата содржина на вашиот сајт. Тоа ги вклучува постовите од блоговите, страниците, сликите, видеа, сетинзи и многу повеќе. Како што расте вашиот сајт, вашата датабаза почнува да станува се поголема (да притиска, се дуе), што за возврат ја намалува брзината на вашиот сајт.

Ако сакате да ги подобрите перформансите на вашиот сајт, треба да ја оптимизирате датабазата. Со помош на WordPress плагин (каков што е WP-Optimize кој автоматски ја оптимизира вашата датабаза и ги бриже записите кои не се потребни) може да ја оптимзирате датабазата на важиот сајт и да ја зголемите неговата брзина.

Плагинот истотака ќе ви помогне да ги одстраните спам коментарите, несаканите драфт постови и т.н. Тој истотака ги оптимизира основните табели на MySQL database.

Прочитајте и:

Фокусирајте се на сигурноста на вашиот сајт

Водете сметка за брзината на вашиот сајт

Заклучок

Ова се некои од многу важните совети за одржување на WordPress што ќе го одржуваат вашиот сајт свеж, чист и ажуриран. Треба да ги следите овие препораки и така подолго врме ќе ја зголемите функционалноста на вашиот сајт.

Хостинг