На 27 јуни 2019-та, cPanel најави нов модел на формирање на цените, со кој цените се зголемуваат и за до 2000%. Наместо досегашниот модел со плаќање по сервер, лиценците отсега ќе се плаќаат по кориснички (cPanel) акаунт.

Одлуката беше донесена неколку месеци откако cPanel беше купен од Oakley Capital, инвестициската група која веќе го поседува Plesk, еден од најголемите конкуренти на cPanel. cPanel тогаш вети дека ова партнерство нема „веднаш да има ценовен ефект врз корисниците“, но сега е јасно дека корисниците се погодени од новите цени, и тоа повеќе отколку што се очекуваше.

Иако хостинг бизнисот очекуваше зголемување на цените, никој не очекуваше промена на моделот на формирање на цената. Новиот модел ја засега целата хостинг индустрија, бидејќи во денешно време cPanel е најкористениот контролен панел за управување на хостинг сервери.

Сите хостинг сегменти кои користат cPanel ќе бидат засегнати и ќе има зголемување на цените – и тоа кај заедничкиот хостинг, реселер хостинг, VPS хостинг, и изнајмените сервери. Секој ќе биде погоден на различен начин, во зависност од тоа колку cPanel акаунти има создадено на виртуелниот или изнајмен сервер кој го управува. Така, секој клиент на cPanel ќе треба да плаќа по 20 денари месечно за секој акаунт над границата од 100 акаунти на својот сервер.

Новите цени стапија на сила од 1 септември 2019 година. На форумот WebHostingTalk „гори“ дискусија поврзана со зголемување на цената и промената на моделот на формирање на цените.

И покрај новонастанатата ситуација околу cPanel, нашата компанија во прво време нема да ги зголеми цените на хостинг пакетите. Единствено промена ќе има во бесплатниот микро хостинг (Linux Micro) кој следува со регистрација/трансфер на домен во нашиот регистар, кој во првата година повторно ќе можете да го користите бесплатно, но по истекот на 365-те дена преминува во Linux Micro Plus, кој ќе се наплаќа по 890 денари (годишно), со вклучен ДДВ.

Промена ќе има и за реселер хостинг корисниците кои освен постоечките лимити на веб простор и месечен трансфер, ќе имаат и лимит на број на cPanel хостинг акаунти кои ќе можат да ги креираат.

НовостиХостинг