Во светот на дата центрите, еден од најважните фактори е дали се сигурни (дали може да се смета на нив). Колку сте посигурни, толку е поверојатно дека клиентите ќе сакаат да ги користат вашите услуги. Најпосле, кому воопшто му е потребен дата центар кој не е онлајн?

За среќа, ТИА/TIA (Здружение на Телекомуникациска Индустрија) публикуваше стандард за дата центри, одредувајќи постоење на четири степени поврзани со нивната  доверливост. Нивната цел беше врз основа на ваквиот стандард потенцијалните корисници да можат да се информираат кој од дата центрите е најдобар за нив. Иако е базиран на малку елементи, овој стандард ја постави основата како во иднина одредени дата центри би можеле да се издвојат по квалитет, котирајќи се повисоко во однос на другите.

Но стандардите на ТИА не беа доволни. По неколку години, UI (Аптајм Институтот) го поттикна она што сега е познато како ТИА стандард. Овој стандард ги опишува четирите различни тиери на дата центрите базирани на достапноста на дата процесирањето како резултат на одреден хардвер на некоја локација.

Оваа статија ги дели типовите на дата центрите на четири тиери  и разгледува како тие се разликуваат меѓусебно.

TL;DR:

Проверете го нашиот графички информатор подолу за накратко да се запознаете со разликите меѓу Тиерс дата центрите, или продолжете да читате понатаму за повеќе детаљи.

 

Класификација на дата центрите

 

Дата центрите се простор и уреди кои се користат за сместување на компјутерски системи и поврзани компоненти. Дата центарот опфаќа повеќе од доволно снабдување со струја, дата комуникациски конектори, контролори на околината, и различни уреди за сигурно функционирање. Дата центрите означени како Тиер 1 (еден) имаат најнизок аптајм, а оние означени како Тиер 4 (четири) имаат највисок аптајм. Условите што треба да ги задоволи еден дата центар се зголемуваат како се оди од број 1 кон број 4, па така Тиер 4 дата центрите ги задоволуваат стандардите/условите на првите три тиери, и додатно вклучуваат други компоненти што ги класифицираат како Тиер 4.

Условите што треба да ги задоволи еден дата центар се однесуваат на опремата што е потребна за да се создаде соодветна (работна) средина. Ова вклучува инфраструктура неопходна за IT активности, што ја зголемува сигурноста и ги намалува можностите за нарушување на сигурноста.

Што треба да се земе предвид при одбирање на еден Дата центар

При одбирање на дата центар за да складирате податоци поврзани со вашиот бизнис, важно е да имате чек листа (листа на компоненти кои ги нудат, содржат) на дата центрите кои се достапни. Ова е листа на најважните нешта што треба да ги имате во предвид при правење на изборот, како што е на пример физичката сигурност на потенцијалниот дата центар. 

Спецификации или карактеристики на дата центрите

Спецификациите на дата центарот се однесуваат на информациите за сетапот (како е организиран) на еден дата центар. Тоа може да ги опфати максимум аптајмот, системите на постојано снабдување со енергија што и дозволуваат на платформата да функционира без разлика на можни прекини на струја, квлификациите на вработените техничари во дата центарот и друго.

Вообичаено е колку се повисоко рангирани дата центрите, толку нивните вработени се со подобри квалификации, бидејќи е потребна поголема стручност за да се одржува целата платформа. Спецификациите на дата центарот  треба да се наведени на чек листата која ја консултира клиентот барајќи соодветен центар за складирање на своите податоци.

Што претставува Тиер 1 дата центарот?

Ова е најниско рангираниот тиер според тиер стандардите (погледнете на линков lowest tier in the Tier Standard). Дата центарот во овој тиер има едноставно само еден извор на сервери, мрежни линкови и други компоненти.

Можноста за складирана екстра енергија или бекап во овој тиер е мала или воопшто не постои. Тоа се однесува и на енергијата и на капацитетот на складирање.

Како таков, спецификациите на ваков дата центар не се нешто многу инспиративни.

Aко се случи прекин на струја, системот ќе премине офлајн бидејќи нема осигурување за да се надмине ситуацијата.

Спецификациите на Тиер 1 дата центарот дозволуваат аптајм од отприлика 99.671%. Недостигот на бекап механизмите прават овој тиер да изгледа ризичен за многу бизниси,  но може да биде соодветен за мали компании кои работат преку интернет и немаат клиенти кои треба да ги опслужуваат 24 часа. Сепак, за компаниите кои во голема мера се базираат на своите податоци, Тиер 1 дата центрите нема да им одговараат.

Една од предностите на Тиер 1 дата центрите е дека обезбедуваат најефтина услуга за компаниите кои имаат мал буџет.

Што претставува Тиер 2 дата центар?

Ова е следното ниво после Тиер 1. Тиер 2 има подобра инфраструктура и мерки со кои подобро ја обезбедува ситуацијата при неочекуван застој (пад на струја, на систем..). Карактеристиките на ваков Тиер дата центар ги вклучуваат оние од првиот Тиер но со додатна можност за екстра енергија. На пример, тие обично имаат една линија за струја и ладење. Сепак, имаат и генератор како бекап и бекап систем за ладење за да работните услови на средината бидат оптимални. Спецификациите на Тиер 2 дата центарот дозволуваат повисок аптајм higher uptime споредено со центрите од ниво Тиер 1 кое е приближно во проценти отприлика 99.741%.

Што претставува Тиер 3 дата центарот?

Карактеристиките на Тиер 3 дата центарот ги вклучуваат сите оние од Тиер 1 но имаат пософистицирана инфраструктура која дозволува вишок енергија и правење бекап во случај на неочекувани проблеми што може да предизвикаат прекини во функционирањето.

Целата опрема на серверот има повеќекратни извори на енергија и линии на диструбуција на ладење. Во случај на прекин на фукционирање на која и да е линија на дистрибуција, се вклучува друга која обезбедува системот да остане онлајн. Тиер 3 дата центрите мора да имаат повеќекратни поврзани меѓусебно линкови multiple uplinks и мора да имаат снабдување со енергија од два извора.

Овие спецификации обезбедуваат процентуално гледано максимум два часа годишно временски период на застој/прекин на работа. Некои од уредите од опремата во Тиер 3 системите се комплетно заштитени од можност за прекин на работа.

Воведени се некои процедури за да се осигура одржувањето без прекини. Тиер 3 дата центрите се најисплатливи финансиски решенија за најголем број од бизнис клиентите.

Што претставува Тиер 4 дата центар?

Тиер 4 е највисокото ниво на Тиер дата центри. Има процент на достапност од  99.99%. Тиер 4 дата центарот има пософистицирана инфраструктура бидејќи има полн капацитет, поддршка, и процедури во својот состав за да осигура максимално и оптимално ниво на аптајм.

Тиер 4 дата центарот ги содржи сите карактеристики на Тиер 1, 2 и 3 центрите. Тој е толерантен на грешки (не му паѓа системот, не се исклучува и при дефекти) и може да функционира и при дефект на инфраструктурна опрема. 

Тиер 4 дата центарот е комплетно обезбеден вклучувајќи повеќекратни системи на ладење, извори на енергија и генератори за да има бекап.

Неговото аптајм време е во проценти 99.99% со пресметани максимум 29 минути на прекин во функционирање годишно.

Ова се четирите тиер дата центри и преглед на нивните карактеристики користени во процесот на нивното креирање. Секој што бара компоненти на чек листата на нивниот дата центар може да ги пронајде суштинските елементи барајќи во спецификациите и условите на дата центарот.

Гохост серверите се во Тиер 4 дата центар

Поседувајќи аптајм од 99.9975%, повеќе извори на енергетско покривање и бекап и годишен прекин на работа помалку од осумнаесет минути, Daticum дата центарот е класифициран како Тиер 4 дата центар. 

Хостинг