ГоХост.мк (Веј Глобал-ИТС ДОО) , во текот на пандемијата односно од 2019 година па до сега, успеа да ги издржи огромните зголемувања на цените од сите аспекти, почнувајќи од дата центрите, струјата, сервери, сервиси, па се до лиценците, човечките ресурси итн.

Во изминатиот период од +4 години, ги зголемивме цените само за новите корисници во два наврати.

Започнувајќи од 01.01.2025 год. цените ќе бидат израмнети за сите корисници, односно корисници со стари цени ќе имаат зголемување на износот на услугата согласно објавените цени на нашиот веб сајт.

Секој клиент може да си го ревидира својот закупен хостинг пакет и доколку не го користи согласно закупениот хостинг простор, односно нема потреба од толку ресурси, има можност да се врати/мигрира на помал пакет со пониска цена.

НовостиХостинг