Ако вашиот веб сајт е хостиран на споделен сервер, секогаш се поставува прашањето, за кое има многу различни ставови, дали е потребно да се поседува сопствена (дедицирана) IP адреса за сопствен веб сајт, и зошто, ако можете да користите заедничка? Поседувањето на сопствена (дедицирана) IP адреса ви овозможува неколку суштински предности, но да започнеме најпрвин со дефиницијата.

Што е IP адреса? IP означува Интернет Протокол (на интернет пропишани дејствија и постапки по одреден редослед) и се дефинира како уникатна адреса што му се припишува на еден компјутер поврзан на одредена мрежа. Адресата за интернет протоколот е со улога на уникатен идентификатор што се користи за да овозможи лоцирање на некоја машина или вебсајт на одредена мрежа.

Која е разликата меѓу споделена (заедничка) и сопствена (дедицирана) IP адреса?

Разликата меѓу споделената (заедничка) и сопствената (дедицирана) IP адреса е многу проста. Споделената IP адреса е единечна адреса што ја користат многу веб сајтови на еден сервер. Во овој случај веб серверот има додатна ангажираност, пренесувајќи ги барањата на корисникот до точниот веб сајт. Додека пак сопствена IP адреса значи дека веб сајтот има сопствена адреса и вие може да ја користите истата или пак називот на доменот на својот веб сајт за да ѝ пристапите на интернет. За подетално објаснување, погледнете го дијаграмот подолу.

 

Кој е бенефитот од сопствена (дедицирана) IP адреса?

Има многу причини зошто е препорачливо да поседувате сопствена IP адреса за веб сајт поставен на заеднички сервер, но да ги погледнеме најважните:

  • Ова ви овозможува пристап на важиот веб сајт кога и да ви е потребно

Понекогаш е навистина неопходно да проверите како ќе изгледа веб сајтот пред да му дадете име на доменот на серверот и пред да го промовирате вашиот веб сајт на мрежата. Сопствената IP адреса ќе ви овозможи дирекно да му пристапувате на серверот без промена на DNS сетинзите за името на доменот.

  • Корисно е за репутацијата на оние кои ве контактираат преку меил
Многу анти-спам сервиси не блокираат само одредени е-адреси, туку ја блокираат и IP-адресата

Како што спомнавме погоре, функционирањето преку една ИП адреса може да му причини многу штета на вашиот веб сајт, и во овој случај може да биде погодена истотака и имеил услугата. Се случува  корисникот, што има споделена со вас ИП адреса да биде баниран или да се најде на црната листа заради внесување спамови, што би можело да влијае исто така на вашата имеил услуга. Користењето на сопствена ИП адреса за меил ја изолира вашата имеил услуга од последиците на злоупотреба што би биле всушност туѓа грешка.

Исто така може да поставите и “обратно DNS име”(Reverse DNS). На клиентите кои испраќате маил може дополнително да уверите дека сте навистина Вие кои праќате маил, и на тој начин се намалува ризикот дека мејловите што им испраќате на клиентите ќе бидат означени како спам.

  • Тоа е добро за бизнис профилот

Ако планирате да ја хостирате сопствената онлајн продавница или друг електронски комерцијален вебсајт, поврзан со него, и не планирате да користите додатни услуги на трети лица за исплата, неопходно е да се поседува сопствена IP адреса и SSL сертификат за вебсајтот за да им обезбедите сигурност на податоците на вашите клиенти.

  • Неопходно е за одредени апликации/скрипт програмчиња на трети лица (посредници)

Понекогаш, одредена апликација или програмче скрипта што би сакале да ја користите на вашиот сервер бара да имате сопствена (Дедицирана) IP адреса.

 

Сите платежни хостинг пакети добиваат сопствена (дедицирана) IP адреса. Gohost.mk е единствениот хостинг провајдер во Македонија кој поседува C-class range.

Друго