Постапка за трансфер на домен
Интернационални домени
За трансфер на интернационални домени (.com, .net, .org…) потребно е кај вашиот тековен провајдер (регистар) да го отклучите доменот за трансфер и да го преземете авторизацискиот код (EPP код). Важно е e-mail адресата на административниот контакт на вашиот домен во WHOIS базата да биде точна, бидејќи на таа адреса се испраќа линк за одобрување на трансферот. За време на трансферот, WHOIS заштитата не смее да биде активна на доменот.
Национални домени
За трансфер на национални домени (.mk, .com.mk, org.mk…) потребно е од вашиот тековен провајдер (регистар) да побарате авторизациски код (EPP код). Важно е e-mail адресата на административниот контакт на доменот во тој момент да биде точна, бидејќи EPP кодот ќе ви биде испратен на таа адреса. По добивањето на авторизацискиот код, можете преку GoHost да побарате трансфер на доменот со доставување на EPP кодот кој сте го добиле на e-mail.