Заштита од несакани и малициозни пораки

Заштитете ја вашата е-пошта од спам, вируси, фишинг и малициозни напади

Е-поштата е најважен канал за деловна комуникација денес. Но спамот, фишингот и вирусите се постојана закана за продуктивноста и сигурноста.

Нашата напредна безбедносна услуга за е-пошта ги филтрира несаканите пораки уште пред да стигнат до вашето сандаче – штитејќи ја вашата работа, ресурсите и репутацијата.
Бизнис E-mail - Заштитете ја вашата е-пошта од спам, вируси, фишинг и малициозни напади
Спам филтер

Филтрирајте ја дојдовната е-пошта пред да стигне до вашето сандаче

Филтерот за спам што го користиме работи како заштитен е-маил gateway. Откако ќе се променат MX записите, целата дојдовна е-пошта најпрво се пренасочува кон системот за филтрирање, каде што се проверува и потоа се доставува до вашите постоечки сервери за е-пошта.

Спам, вируси, фишинг и малициозни содржини се блокираат уште пред да стигнат до вашето сандаче.
Бизнис E-mail - Филтрирајте ја дојдовната е-пошта пред да стигне до вашето сандаче
Клучни карактеристики на E-mail заштитата

Како нашата заштита му помага на Вашиот бизнис?

Зголемена продуктивност

Вашите вработени повеќе нема да мора секојдневно да се справуваат со спам пораки. Тие ќе заштедат драгоцено време секој ден и ќе имаат целосна прегледност и контрола врз е-поштата што ја примаат.

Заштитете ги најважните пораки

Системот за филтрирање има екстремно ниска стапка на лажно позитивни пораки – само 0.0001%, односно помалку од една во милион. Целосно се елиминира ризикот од пропуштање важна комуникација.

Заштитете се од спам и вируси

Системот за филтрирање постигнува ефикасност до 99.98% – без потреба од мануелно подесување. Не мора да се грижите за нови спам техники или вируси – заштитата постојано се прилагодува автоматски.

Заштитете ја вашата мрежа

Системот не штити само од спам, туку и од фишинг пораки, вируси, тројани и друг малициозен софтвер.

Сеопфатна email заштита што го чува целиот бизнис.

Заштедете ресурси и време

Нашата услуга е целосно управувана и постојано надгледувана 24/7/365. Автоматски се ажурира и одржува без ваша интервенција, па Вашиот ИТ тим може да се фокусира на поважни задачи.

Целосна контрола

Заштитата на е-поштата доаѓа со лесен за користење контролен панел.

Верен партнер на бизниси од различни големини

Повеќе од 2300+ клиенти меѓу кои

Бизнис E-mail - Верен партнер на бизниси од различни големини

Често Поставувани Прашања

Како функционира?

Секоја е-пошта поминува низ безбедносен филтер со интелигентни, самонаучувачки сервери. Овие сервери, базирани на напредни алгоритми и години на анализирани податоци, однапред препознаваат и блокираат спам пораки пред тие воопшто да стигнат до вашето сандаче. Со постојано прилагодување на новите закани, системот функционира како интелигентен, жив штит – гарантирајќи дека вашата е-пошта останува безбедна и непрекината.

Да започнеме!

Изградете онлајн присуство брзо и лесно – со квалитетен хостинг на кој можете да се потпрете.