Национални наспроти интернационални домени

Постапка за трансфер на домен

Интернационални домени

За трансфер на интернационални домени (.com, .net, .org…) потребно е кај вашиот тековен провајдер (регистар) да го отклучите доменот за трансфер и да го преземете авторизацискиот код (EPP код). Важно е e-mail адресата на административниот контакт на вашиот домен во WHOIS базата да биде точна, бидејќи на таа адреса се испраќа линк за одобрување на трансферот. За време на трансферот, WHOIS заштитата не смее да биде активна на доменот.

Национални домени

За трансфер на национални домени (.mk, .com.mk, org.mk…) потребно е од вашиот тековен провајдер (регистар) да побарате авторизациски код (EPP код). Важно е e-mail адресата на административниот контакт на доменот во тој момент да биде точна, бидејќи EPP кодот ќе ви биде испратен на таа адреса. По добивањето на авторизацискиот код, можете преку GoHost да побарате трансфер на доменот со доставување на EPP кодот кој сте го добиле на e-mail.

Бесплатна техничка поддршка

Тука сме за вас 24/7!

Горди сме на нашиот тим од експерти за техничка поддршка. Без разлика кога ви е потребна помош — тие се на располагање. Обезбедете си поддршка каква што заслужувате за вашите сервери, веб сајтови, е-пошта или кој било друг сервис.
Трансфер на домен - Тука сме за вас 24/7!

Често поставувани прашања

Што е домен?

Домен името е веб-адресата или URL-то каде што посетителите ја пронаоѓаат вашата страница. Прилагодено домен име ѝ дава професионален изглед на вашата веб-страница, го зајакнува вашиот бренд и им помага на посетителите полесно да ве пронајдат на интернет.

Да започнеме!

Креирајте ја веб страница лесно и брзо – со хостинг на кој можете да се потпрете. Пробајте без ризик со 30 дневна гаранција за враќање на парите!