Почитувани,
Во изминатиот период сме сведоци на се позачестени сајбер криминални напади и појава на обиди за лажни прикажувања на официјални веб страни, емаил и смс пораки.
Како случаите со македонски државни и владини иституции, пошти, банки и многу други.
Крајната цел секако е придобивање на вашите лични податоци, лозинки, банкарски сметки, кредитни картички, односно финанскиска измама.
Најчести случаи се со добивање на:
- СМС пораки кои водат кон лажни веб страни каде се бара од вас внесување на лични или финансиски податоци,
- емаил пораки со маскиран испраќач (налик вистинските) кои содржат вирусни атачменти,
- емаил пораки со македонска содржина која е граматички неточна, со линкови до лажни веб страни,
- емаил пораки со содржина каде се бара итност/ажурирање на лозинки, или информации за некоја услуга која наводно ќе истече во краток временски рок.
⚠️ Наш совет за поголема заштита на вашиот кориснички профил, домени и хостинг услуги е во најбрз можен рок да активирате Дво-Факторна Автентикација / Two-Factor Authentication, и тоа:
- Кориснички панел: откако ќе се најавите во клиентскиот портал, десно горе во под-менито на корисникот, со пристап во секцијата "Сигурносни подесувања",
- cPanel хостинг услуга (доколку користите): откако ќе се најавите во cPanel, десно горе пребарајте: "Two-Factor Authentication" и активирајте.
*Доколку имате дополнителни прашања или потреба од помош при активирање, пишете ни преку тикет системот или на support@gohost.mk
Што е Дво-Факторна Автентикација / Two-Factor Authentication?
Дво-факторна автентикација (2FA) е безбедносен механизам кој бара два различни методи на идентификација за да се потврди идентитетот на корисникот. Додава дополнителен слој на безбедност во процесот на најавување, што им отежнува на напаѓачите да добијат пристап до сметката на корисникот.
Со почит,
Тимот на ГоХост.мк