Темелите на нашиот успех
Хостинг компанијата ГоХост е предводена од Веј Глобал ИТС ДОО Скопје која во целост ги задоволува потребите на своите клиенти, од услуга и стабилност, до поддршка и професионалност. ГоХост ги нуди најквалитетните решенија од областа на веб хостирањето. Ние нудиме гарантиран 99.99% Uptime за беспрекорно функционирање на мрежата. Нашата компанија е составена од исклучителни IT експерти кои ви стојат на располагање 24 часа во денот.
Горди сме што нашата компанија денес брои повеќе од 4500 задоволни клиенти. Токму тие се причината поради која секојдневно рабоиме и напредуваме на секое поле. Големите залаци и предизвици со кои секојдневно се соочуваме, не прават посилни. Со други зборови, ГоХост работи со дел од најголемите компании во земјава, кои за нас, а и за клиентите преставуваат резултат за нашата макотрпна работа и квалитет.
ГоХост е компанија специјализирана во доменот на веб услуги за мали и средни бизниси. Нашиот искусен тим составен од дизајнери, програмери и IT специјалисти е посветен на обезбедувањето на врвен квалитет од самото почнување на проектот до неговото завршување.
Во последниве 10 години, секојдневно сме фокусирани во разни интернет технолошки решенија и веб услуги. Нашиот тим претставува спој од квалитет, вештина, искуство, ентузијазам и креативно размислување.