Националниот регистар МАРНЕТ на 25.11.2024 година донесе нов ПРАВИЛНИК ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА И УПРАВУВАЊЕТО СО ВРВНИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРНЕТ ДОМЕНИ.

ГоХост како овластен регистрар должен е да ги спроведе и да работи според новите упатства. Секој наш корисник кој има закупено домен во ГоХост како и секој корисник при нова регистрација на домен треба да биде запознаен со новата процедура предвидена од Правилникот.

РЕГИСТРАЦИЈА НА ДОМЕН

·         За регистрација на домен, секој регистрант треба да поднесе барање.

·         Со поднесување на барањето, регистрантот изјавува дека е запознаен и согласен во целост со содржината на овој Правилник.

·         Барањето за домен се поднесува во писмена или електронска форма согласно Законот за електронско управување и електронски услуги и Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, како и подзаконските акти кои произлегуваат од овие закони.

·         Кон Барањето за домен се приложува и соодветна документација, во зависност од видот на доменот што се регистрира, односно од видот на субјектите кои имаат право да регистрираат домен и тоа:

–          Заверена фотокопија од Актот со кој е извршен упис во соодветен регистар утврден со закон или друг доказ утврден со закон за стекнато право за вршење дејност,

–          Одобрение од надлежен орган согласно одредбите од овој Правилник,

–          Увид во документ за лична идентификација или соодветна електронска идентификација согласно Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги во случај кога подносител на Барањето е физичко лице.

Промена на податоци за регистрирани имиња на домени

·         Името на регистрираниот домен не може да се менува.

·         Регистрантот поднесува Барање за промена на податоци кај Регистраторот каде е регистрирано името на доменот.

·         Доколку Барањето за промена на податоци е согласно овој Правилник и нема никакви пречки за негова реализација, Регистраторот е должен веднаш да постапи по него, а најдоцна во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на уредно поднесеното барање.

·         Барањето за промена на податоци регистрантот може да го поднесе по писмен пат или во електронска форма согласно Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги.

·         МАРнет има право да измени какви било информации за домен или да избрише домен врз основа на правосилна судска одлука.

Правилникот за организација и управување со врвните национални интернет домени е достапен на следниот линк

Новости