Веб дизајн, веб решенија и веб апликации
Веб дизајн и развој на веб решенија
Барате компанија за изработка на веб дизајн? На секој бизнис му е потребен веб сајт и веројатно една од најважните придобивки за секоја компанија. Сите наши веб дизајн услуги се уникатни, не користиме готови веб темплејти кои што веќе се видени во интернет светот. Ние работиме со нашите клиенти со цел да им овозможиме веб дизајн на кој тие ќе бидат горди. Добриот веб дизајн е од суштинска придобивка за вашиот бизнис, бидејќи на крајот, дизајнот на вашата веб страна е тој кој што ја претставува вашата компанија. Сиромашен веб дизајн може директно да се одрази на нашата компанија и на вашиот бизнис, додека ефективен веб дизајн може да придонесе нови клиенти, а истовремено и да ја преставува вашата професионална слика.
Нешто повеќе од само добар веб дизајн
Добар веб дизајн е задолжително за секој бизнис, но исто така е многу важно, вашата веб страна да биде пронајдена од страна на интернет пребарувачите. Како добра вест, ние сме експерти за веб маркетинг и точно знаеме како треба да биде издизајнирана и напишан кодот на една веб страна, она што вие визуелно не го гледате, а со тоа високо да рангирате на интернет пребарувачите каков што е Google. Со ова, вие ја зголемувате можноста од придобивка на нови реални клиенти.
Загарантирана сигурност и брзина
Неодамна, Google ја вметна брзината на вашиот сајт како еден од условите за подобро рангирање. Бидете уверени дека ние со сигурност можеме да ја гарантираме брзината на вашиот сајт, бидејќи ние не само што го оптимизираме кодот туку можеме да понудиме и професионална хардверска поддршка.
Мислења на корисниците
Пријатно сум изненаден од нивната професионалност, бидејќи добив повеќе од тоа што го имав замислено како концепт.Исто така, брз одговор за било кое прашање поврзано со интернет технологијата.
Лапласт-ММи беше задоволство што конечно најдов професионален хостинг кој што ги задоволува нашите големи потреби. Уште од првиот момент, па до ден денес, уверен сум во квалитетот на нашите сајтови.
Ми-Да МоторсНашето искуство со ГоХост е прилично кратко, но доволно да се увериме во брзината на нивниот хостинг. Доколку и вас ви треба брз и сигурен хостинг, тогаш вие сте на вистинското место.
НовкомПроцес на изработка на веб дизајн
1. Изработка на веб дизајн во Photoshop
За разлика од многу други веб дизајн компании, ние не користиме готови веб темплејти со што би постигнале полесна работа за нас, а воедно и вашиот дизајн не би бил уникатен. Откако веќе ќе ги разбереме вашите потреби, се започнува со изработка на дизајнот.








