GoHost.mk - фирма во опсегот на интернет технологијата.
Со било какво користење на услугите овозможени од страна на ГоХост, Вие се согласувате со сите услови и правила истакнати подолу. Ние го задржуваме правото за измена на услувите за користење без претходна напомена.
1. Најстрого е забранет било каков начин на “спам”. Спамот е вид на е-пошта што опфаќа испраќање скоро идентични пораки до голем број корисници. Како спам се смета е-пошта која примателите не ја побарале и е пратена во идентична форма до многу приматели.
2. Го задржуваме правото да одбиеме/блокираме услуга. Било каков материјал кој по наше мислење е непристоен, со опасна содржина, незаконска содржина или ги крши нашите услови за користење на било кој начин, би довело до суспендирање на корисничката сметка со или без предупредување. Пример илегални работи како што се оружје, содржина која потикнува омраза, илегални супстанци, содржини без авторски права , илегална трговија и слично.
3. Секој сајт кој што би имал било каква порнографска содржина ќе биде суспендиран со или без предупредување.
4. Сите корисници доколку се смета дека ги злоупотребуваат услугите на ГоХост, се подложени на надгледување и контролирање од страна на овластени лица – администратори на ГоХост или пак надлежни лица од Владини институции.
5. Вашите податоци за нас претставуваат строго доверливи, лични податоци. Во никој случај вашите лични податоци нема да бидат заменети, дадени на трети лица или злоупотребени.
6. ГоХост користи RAID 1/10 заштита на податоци на сите Linux и Windows сервери. Вие се согласувате да превземете целосна одговорност за фајловите и податоците. ГоХост не е одговорен за изгубените податоци поради погрешен бекап или воопшто не направен бекап од ваша страна, на ваш сопствен компјутер/простор.
7. Нашиот тим ке направи максимални напори за да помогне да се префрли вашиот сајт кај нас. Сепак, трансфер услугата од наша страна не го гарантира времето потребно за завршување на трансферот како и гаранции во врска со достапноста. Секоја хостинг компанија е конфигурирана различно, а некои хостинг платформи ги чуваат податоците во некомпатибилен или неслободен формат кој може да ја направи исклучително тешка, па дури и невозможна, миграција на некои податоци.
8. По уплатата за користење на услугата ние ќе ја сетираме вашата корисничка сметка и ќе ви испратиме инструкции за користење на услугата. Ваша должност е да ни доставите валидна емаил адреса која не е на доменот кој барате да се постави/регистрира. Ако е потребно поради злоупотреба или треба да ве контактираме, примарната емаил(горе наведената) адреса ќе се користи за оваа намена. ГоХост не сноси никаква одговорност за неуспешна регистрација поради застарени информации поврзани со вашиот домен/емаил.
9. ГоХост има право без никакви претходни известувања да ги суспендира, ограничи или исклучи/стопира услугите на клиентите кои ќе ги прекршат условите за користење на ГоХост услугите.
10. ГоХост го задржува правото на барање од надлежни Владини служби да ги достави информациите кои ги поседува за даден корисник. Во таков случај, Вие се согласувате дека во никој случај, без временски ограничувања, нема да го сметате ГоХост за одговорен.
11. Строго се забранува користење на било каков софтвер кој што не е бесплатен, а без лиценца. Ваквото користење може да доведе до суспендирање на услугата.
12. Строго забранет софтвер или скрипти:
- IRC Скрипти/Ботови
- Proxy Скрипти/Анонимци
- Пиратски софтвер/Warez
- Скрипти за хостирање на слики
- AutoSurf/PTC/PTS/PPC сајтови
- IP Скенери
- Bruteforce Програми/Скрипти/Апликации
- Е-маил спам скрипти
- Скрипти за онлајн рекламирање во налик на AdSense, AdBrite и слично.
- Скрипти за хостирање на фајлови, слично како RapidShare.
- Комерцијално користење на аудио стриминг
- HYIP или слични сајтови
- Лотарија или игри на среќа
- MUDs/RPGs/PBBGs
- Mailer Pro
- Видео/ТВ стриминг/
- за валидност на вашата содржина, пишете ни на contact@gohost.mk
GoHost.mk Инфо
- Веј Глобал ИТС Д.О.О
- Улица: Сервисна зона југ б.б, 1000 Скопје, Македонија
- Телефон: +389 02 2773275
- Мобилен: +389 71 238545
- Факс: +389 02 2773275
- Емаил: contact@gohost.mk